Новости

Достапно електронското издание на публикацијата „Сите драјвери вклучени“

„Сите драјвери вклучени; извештај (факти, анализа и препораки) за македонската литература во превод (2015-2020)“ е студија чија цел е да направи пресек, скенирање на состојбата во полето на книжевните преводи и објавувањето литература од автори кои пишуваат на македонски јазик на другите европски јазици.

Анализата можете да ја преземете на следниот линк.

Таа треба да го надополни недостигот на анализи и истражувања врз база на податоци и факти во полето на издаваштвото.

Тоа е значајна културна област и за високите уметнички вредности на еден народ и на една држава и за одржувањето на интеркултурната комуникација и соработката меѓу европските земји и, за жал, за занемарените аспекти на една, макар и мала, културна индустрија.

Оваа студија е дел од проектот Balkan Translations Collider, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската унија, под водство на фондацијата „Некст пејџ“ од Софија.

Проектот се реализира во соработка со партнери од регионот на Западен Балкан: „Поетека“ (Албанија), „Готен“ (Северна Македонија) „Аргх!“ (Србија), „Сандорф“ (Хрватска), Секретаријатот за култура и спорт – Подгорица (Црна Гора).



Остави Коментар