Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Punk is dead
Расказите од Punk is dead се напишани на директен и соголен јазик со посебна исповедна моќ. Авторот ги опишува со алкохол натопените секојдневни настани на раскажувачот и неговите сопатници. Тие се наоѓаат на општествените маргини, водејќи живот чии мотиви најчесто само самите можат да си ги објаснат. Аутсајдери од словенечкото општество, губитници кои се надвор од речиси секоја општествена вклученост. Но, Космач нивните мали драми ги прикажува со специфична човекова блискост и разбирање, така што кај читателот се појавува силна емпатија за нив. Збирката раскази е натопена со трагикомични ситуации, со свежи и сурови описи и многу нетипична убавина… А сите овие елементи уште еднаш го отвораат прашањето за етаблираните општествени норми.
Превод од словенечки јазик: Дарко Спасов
Книгата е објавена со поддршка на литературната мрежа Традуки.
200.00 ден
Детали за Книгата
Страници | 166 |
---|---|
Дизајн на насловна | Бранко Прља |
Издавачка куќа | Готен |
Јазик | македонски |
ISBN | 978-608-4625-93-3 |
Издадена | 2018 |
Едиција | Контемпоранеа |
Критики
Нема критики сеуште.