Емир Имамовиќ Пирке е еден од најинтригантните, експериментални, а сепак длабоко социјално ангажирани хрватски автори од босанско потекло. Тој е роден во Тузла, во 1973 година, а се преселил во Хрватска во 1992 година, за да избега од војната во Босна и Херцеговина. Сепак, продолжи да се занимава со проблемот на војната во БиХ и злосторствата направени за време на војната, и како автор и новинар и колумнист во многу весници во Хрватска, Србија и БиХ. Досегаима објавено три романи, Дали некој го виде девојчето, Тајната на долината на пирамидите и Трето полувреме. За својот прв роман беше номиниран за престижната регионална награда „Киклоп“. За Трето полувреме беше во потесен избор за друга регионална награда – „Меша Селимовиќ“. Пирке живее во крајбрежниот град Шибеник.
Трето полувреме
Во Трето полувреме, што се смета за најдобар роман на Имамовиќ, тематски, се занимава со болестите на босанското општество. Војната е одамна завршена, но ништо не е драматично променето во позитивна смисла. Општеството е полно со насилни и патолошки ликови и една од наративните линии зборува за тоа. Друга линија ни го опишува јавниот живот полн со екстремни гласови: националисти, вахабити, криминалци, корумпирани политичари. Ова не е прекрасна и лесна слика на земјата. Сепак, оваа проза е мајсторско комбинирање на трагичното со иронијата, на грозното со гротескното. Постојат различни дози на реалност, интелектуална критика и духовит хумор, што авторот ги користи за тестирање на нервите на читателот. На техничко ниво, тој создава веристичка слика на стварноста со користење на медиумските жанрови, но во исто време создавајќи калеидоскопски нарација, скокајќи од едно време во друго во раскажувањето или претставувајќи паралелни дејства во многу кратки пасуси. Значи, постои тежок експеримент за да се изгради современа хроника на Босна и Херцеговина, поддржана со документаристички материјал и псевдоновинарски парчиња во исто време со претставување на трагични ликови со силен емоционален товар.
60.00 ден
Критики
Нема критики сеуште.