Поетот и прозаист Звонко Карановиќ од Србија во текот на месец мај престојуваше во Скопје, како автор во резиденција „Апсолутно модерен“ во организација на издавачката куќа „Готен“, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки.
За време на престојот во Скопје тој беше еден од ексклузивните гости на 4. Меѓународен литературен фестивал „Про-за Балкан“. Годинава на фестивалот беа извонредна група на писателите како Георги Господинов до Бугарија, Марко Видојковиќ од Србија, Андреј Блатник од Словенија, Асли Перкер од Труција и Луан Старова од Македонија.
Звонко Карановиќ истакна дека бил многу пријатно изненаден од гостопримливоста на луѓето во градот.
– На нашите општества им се случија многу непријаности, многу од луѓето закачија депресија, некои наведнаа глава и на некој начин имав потреба сите тие приказни да ги искористам во моите книги, рече Карановиќ.
Според него македонската книжевна сцена е многу жива, а едномесечниот престој во Скопје пружа можност да запознавање на некои нови книжевни гласови, а исто така и подобро запознавање на градот, како што вели Карановиќ, „во последните години доживеа големи транформации“.
Нему престојот во Скопје, преку литературната стипендија „Апсолутно Модерен“, му обезбеди можности за концентрација и работа на почетокот на неговата нова книга.
-Престојот во Скопје за мене има и емотивен карактер, бидејќи моето семејство живееше во Скопје неколку години и од таму имам некои слики од најраното детство, рече Карановиќ.
Во рамките на 4. Меѓународен литературен фестивал „Про-за Балкан“ Карановиќ учествуваше и на тркалезната маса на тема „Независни издавачи од Германија и превод на литература од Балканот: мапирање на реалноста“ на која присуствуваа писатели од Македонија, Бугарија, Србија, Словенија, Турција, како и претставници од неколку германски издавачки куќи.
На одбележувањето на Светскиот ден на разноликоста (04.05.2016) на книжевно читање во Младинскиот културен центар (МKЦ) во Скопје, Звонко Карановиќ беше дел од авторите кои учествуваа на книжевно читање на повеќе јазици – француски, шпански, македонски, албански, српски – со своите учители, ментори, меѓу кои Kатица Ќулавкова, Ивица Џепароски, Зоран Анчевски, Ферид Мухиќ, Румена Бужаровска, Влада Урошевиќ…
Звонко Крановиќ (1959) е поет и прозаист роден во Ниш, Србија. Работеше како новинар, уредник, водител на радио, ди џеј, организатор на концерти, тринаесет години беше сопственик на музичка продавница. Досега има објавено девет збирки на поезија (Соблекување; Месечари на излет; Кафези…) и три романи (Повеќе од нула; Четирите ѕида и градот; Трите слики на победата).