Новости

Виктор Хорват од Унгарија и Пјер Џ. Мејлак од Малта, гости на Готен на Саемот на книга

Виктор Хорват од Унгарија и Пјер Џ. Мејлак од Малта, гости на Готен на Саемот на книга

 

Добитници на наградата на ЕУ за литература Виктор Хорват и Пјер Џ. Мејлак, ќе имаат промоции на Саемот на книга.Flaer_100x145mm_Viktor Horvat_novo

Нивните наградени дела, Турско огледало на Хорват, кое го преведе Златко Панзов, и Ноќта те разубеди на Пјер Џ. Мејлак,  во превод на Владимир Јанковски ќе бидат промовирани во рамките на саемот.

Flaer_100x145mm_Mejlak_novo

Освен промоциите, писателите ќе имаат неколку средби со читатели, со студенти, со друштва на пријателство. Централниот настан ќе се одржи во просториите на ЕУ инфо центарот, во петок во 19 и 30 часот со дискусија на тема „Миграции, идентитети, преводи и Европа“, инспирирана и од тековните настани, но и од темите што ги обработуваат делата. Освен Мејлак и Хорват на дискусијата ќе учествуваат и писателката Станка Храстељ од Словенија и проф. Елизабета Шелева.



Остави Коментар