Настани

Хрватскиот писател Горан Ферчец на резиденција во Скопје

goran_fercec_500

Хрватскиот писател Горан Ферчец е петтиот од шестте автори кои престојуваат во Скопје во 2016 година во рамките на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа.

Од први октомври во Скопје престојува хрватскиот писател Горан Ферчец  (1978 г.), четвртиот од шестте автори за 2016 година во рамките на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа. Тоа ќе биде шанса за македонската јавност подобро да се запознае со еден од најдобрите млади хрватски прозаисти и граѓански активист, чиј роман Овде нема да има чуда беше издаден и кај нас, од Издавачката куќа Икона, во превод на Алекссандар Прокопиев.

Секој од авторите престојува во Скопје по еден месец во текот на оваа година запознавајќи се со книжевната, интелектуалната и културната сцена во Скопје, продлабочувајчи ги своите контакти и развивајќи ја соработката со македонската книжевност и култура. Авторите во Скопје работат на своите дела или преводи, посетуваат културни настани, организации и институции, и учествуваат во јавни настани во Скопје и други градови во земјата.

Горан Ферчец (роден во Копровница, Хрватска во 1978) е автор, драматург и драмски писател. Дипломирал драматургија на Акамедијата на драмски науки во Загреб, член е на редакцијата на магазинот за изведувачки уметности Фракција, како и на Хрватската асоцијација на драмски уметници.

Ферчец е соосновач и приредувач (од 2008-2013) на драматуршкиот колектив, иницијатива која промовира перформанси и драмски текстови од млади хрватски и интернационални автори. Ферчец објавува текстови за перформанси, теоретски написи и есеи во локални и меѓународни магазини: Frakcija, Загреб; TkH-Walking Theory, Белград; Kretanja, Загреб; Scena, Нови Сад; Kazalište, Загреб; Buchkultur, Виена и на Хрватското Национално Радио. Неговиот роман Овде нема да има чуда беше објавен од хрватската издавачката куќа Фрактура во 2011. Во 2015 објави книга есеи Прирачник за вчера – тринаесет есеи. Романот влезе во потесниот избор за сите релевантни книжевни награди во Хрватска а преведен е и во Р. Македонија. Истата година перформансниот текст Писмо за Хајнер Милер, режиран од Бојан Џорџев, беше премиерно изведен на Загрепскиот младински театар. Неговото најново дело Работници ја имаше својата премиера во 2014 како дел од Vor den Hunden проектот во копродукција со дополнителен ансамбл од Bonn and Schaubühne Lindenfels во Лајпциг и Бон. За ова театарско дело Ферчец ги добил следните награди: награда од Австрискиот културен форум (2007); награда од Хрватскиот театар за за најдобра драматизација и адаптација (2014); награда од Фестивалот за драматургија Борштник (2014 и 2015); наградата Вељко Маричиќ за драматургија (2014).

За неговите литературни дела Ферчец ја добил годишната награда на Министерството за култура на Република Хрватска за романот Овде нема да има чуда, како еден од најдобрите десет романи во 2011.

Остварил резиденцијални престои во Kulturkontakt во Виена во 2010-та; Меѓународната куќа на писатели во Грац, 2014; и резиденцијален престој во Асоцијацијата на словенските писатели и фестивалот „Виленица“ во Љубљана, 2015.

Резиденцијалната програма за книжевници е под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на мрежата Традуки и градот Скопје.



Остави Коментар