39. Vojnovic - Juznjaci_fin(k)

Јужњаци, марш!

Романот функционира како некоја енциклопедија на културите од поранешна Југославија, место каде што се мешаат вкусовите на сарма и традиционалната балканска музика, каде што становите се пренаселени и низ тенките ѕидови продираат разните јужњачки акценти и караници особено кога се игра маалски фудбал.

Љубљанското гето Фужине се открива преку живописниот сленг, кој авторот го користи за да ја опише адолесцентската младост на Марко и проблемите што тој ги има со своето потекло, со идентитетот, со родителите, со предрасудите и стереотипите.

Животите на раазличните жители  на Фужине се раскажуваат со живописниот јазик на Марко полн со горчливо-слатки хуморни сегменти. Ова е една елегантна приказна, уникатна во Словенија по третманот на нејзината разноликост.

60.00 ден

За Авторот

Горан Војновиќ

Овој роман е всушност недовршено филмско сценарио. Зборува за заедницата доселеници од просторите на бивша Југославија во населбата Фужине во Љубљана. Ги опишува нивните секојдневни грижи и културните разлики во однос на нивните соседи Словенци, но и нивните меѓусебни разлики затоа што секој од нив доаѓа од една од различните поранешни југословенски републики. Романот ги доби наградите Прешерен и Крешник за 2009 годиина. Преведен е на српски, хрватски и босански, а делови и на англиски и на германски.

Рецензии

There are no reviews yet.

Be the first to review “Јужњаци, марш!”