34. Pjer Mejlak - The Night_fin

Забрана за употреба на оган и вода

Едно креолско искуство ни донесува младиот српски автор, Вукашин Штрекер, меѓу првите автори во регионот кој се осмели да ги преточи во проза номадско-дијаспоричните искуства на илјадниците гурбетчии од Балканот. Книжевниот увид на Штрекер е натопен во бунарот на ултра-современиот сензибилитет: лаконски, динамичен, циничен, лишен од секоја патетика, подготвен за саможртва, но и за многу суптилни и  забранети задоволства. Романот од речиси дневнички запис за умните и култивирани Балканци, коишто завршуваат во сифонот на глобалниот пазар на трудот, подготвени на најтешко ‘рмбање да заработат некој долар повеќе, се претвора во пикарска химна на слободната и пространа Америка, уште едно сведоштво за остварување на американскиот сон, натопено со флуидите и хемикалиите на битничката проза, со отворен пиетет кон бунтовноста и разузданоста на рок генерацијата и Буковски, ирониски врамено во стандардите на холивудското кино-пишување.

60.00 ден

За Авторот

Вукашин Штрекер

Човечката раса влезе во нова епоха на движење и преселби. Секоја година има 23 милиони бегалци, се градат милион нови хотелски соби, има околу милијарда меѓународни патници, а туризмот зафаќа 15 проценти од глобалниот приход.

Глобалните номади можат сета своја покуќнина да ја соберат во еден куфер. Нови субјекти на историјата станаа мигрантите, бегалците, гастарбајтерите, азилантите. Скитањето на народите ги зафати и Македонија и Србија. Бројките на иселени и на оние коишто се надвор од земјата не можат прецизно да се утврдат, но се огромни.

Иако мотивите за масовна миграција се економски, старите сфаќања за дијаспората не функционираат. Новите дијаспорични субјекти се нестабилни, екс-центрични и хибридни. Тие искусуваат нови, дури и опасни зони на глобалната економија и култура.

Рецензии

There are no reviews yet.

Be the first to review “Забрана за употреба на оган и вода”